Предлогот на СДСМ спортивен на Деловникот и обид да се замолчи дебатата во Собранието

Предлогот на СДСМ веднаш да се премине на избор на претседател на Собранието е спротивен на Деловникот и со цел да се предизвика тензии во Собранието, но и надвор од него.

„Прво додека не се заврши почнатата диксуија расправа по точката на дневен ред којшто е веќе усвоен не може да се премине на следната точка, а вториот аспект е дека јасно во Деловникот пишува дека комисијата за избори и именување е таа која на Собранието му предлага кандидат за претседател и потоа гласа Собранието“, вели поранешната долгогодишна пратеничка, Роза Топузовска Каревска.

Дел од политичките аналитичари сметаат дека социјалдемократите предлогот го ставија на маса само со цел да предизвикаат тензии во Собранието, но и надвор од него иако свесни дека нивното барање од надвор од Деловникот и неговото спроведување би било прекршување на собраниската пракса.

Од ВМРО ДПМНЕ велат СДСМ не успеа вчера да спречи дискусија и на мала врата да си ја турка агендата од Тиранската Платформа што ја прифати само за да дојдат на власт и да не одговааат за криминалот што го направија.
„Ваков дрзок обид за одземање на правото за збор на пратениците досега е невиден во Собранието на Република Македонија. Ова не преставуваше само обид да се замолчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, туку претставуваше обид да се спречи да се слушне гласот на повеќе од 454 илјади граѓани кои својот глас на последните парламентарни избори го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Ова претставуваше и обид да се игнорираат и да не се слушне мислењето и на оние 200.000 граѓани кои што секојдневно протестираат на улиците и кои што апелираат нивните ставови да бидат јасно, гласно и прецизно кажани во Собранието“, рече Драган Данев, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ.