
Првите претставници на европските институтции и Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) утре пристигнуваат во Атина, а со нив ќе почнат преговори за помош за Грција. На состанокот ќе бидат разгледани деталите за третата финансиска помош за земјата.
Од грчка страна, техничките преговори ќе ги предводи претседателот на Советот на екононски советници (СОЕ) Јоргос Хулиаракис, соопштија извори од гркото Министерство за финансии.
Истите извори ја отфрлија можноста за дополнителни реформи, и покрај барањата на кредиторите.
Грчката Влада се надева дека преговорите за тригодишниот меморандум за разбирање и новиот договор за заем ќе завршат до 20 август. Исто така, врз основа на договорот постигнат на европскиот самит, целта е во 2018 година да се постигне примарен суфицит од 3,5 отсто од БДП. Во врска со отворањето на Атинската берза, претставници на Министерството за финансии, изјавијз дека одлука ќе биде донесена од следната недела.