сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 28

Прекини во железничкиот сообраќај во Грција

Железничарите протсетираат против одлуката „Траиносе“ да биде продадена на италијанската државна железница.

Прекини во железничкиот сообраќај во Грција

Прекини во железничкиот сообраќај во Грција

Последни вести

Од денеска до среда во Грција одново нема да има железнички сообраќај, поради штрајк на железничарите кои протсетираат против одлуката „Траиносе“ да биде продадена на италијанската државна железница, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот Фонд за развој минатата недела соопшти дека италијанската железница „Феровие Дело Стато Италиане“ С.п.А во целост ќе ја преземе грчката железница „Траиносе“ за 45 милиони евра.

„Феровие“ е трета по големина железничка компанија во Европа и се очекува да пренесе умешност, практично знаење и искуство за „Траиносе“, наведе Фондот.

Фондот за развој соопшти и дека завршувањето на тендерот претставува заокружување на процес кој започна пред три години и обезбедува одржливост и понатамошен развој на „Траиносе“.

Најчитани вести