Прераспоредени уште 5.000 полицајци во Турција

Главната управа на турската полиција денеска нареди 5.000 полицајци, од кои 440 полициски началници, да бидат прераспоредени, јави „Хуриет дејли њуз“.

Голем дел од полицајците учествувале во антикорупциските истраги преземени на 17 и 23 декември 2013 година, при што беа обвинети лица блиски до турската Влада.

Прераспоредувањето на полицајците уследи откако претходно голем број високи полициски службеници беа принудени да се пензионираат, пренесува МИА.

Во меѓувреме 2.200 полицајци се рапосредени во низа државни институции и министерства.

Се очекува годинава да бидат прераспоредени уште 25.000 полицајци.

На сегашното прераспоредување на полицајците предходеа дискусиите во турскиот Парламент за усвоениот спорен Закон за внатрешна безбедност.

Поголемиот број пензионирани и прераспоредени полицајци се поврзани со „паралелната држава“ на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.