Денеска не очекува сончево и топло време со можност за краткотраен локален дожд. Попладне ќе има делумно зголемување на облачноста и слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 29 степени.
Во недела и во понеделник и натаму во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретка појава на грмежи.
Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови ќе има и врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Максималната температура во вторник на повеќето места ќе биде за околу 10 степени пониска во однос на претходните денови.