Претрес во Батинци по барање на СЈО

Во скопското село Батинци денеска е извршен претрес по барање на Специјалното јавно обвинителство. При претресот нема приведени лица.

Претресот бил извршен со судска наредба по барање на Специјалното обвинителство за да се обезбедат докази за случајот „Титаник“.

Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат никакви детали за случајот, а за акцијата упатуваат на одговори од Специјалното обвинителство.