Претседателски избори во Венецуела, Мадуро фаворит

Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува да победи актуелниот левичарски шеф на државата Николас Мадуро.

Главен ривал на Мадуро е поранешниот гувернер Хенри Фалкон, кој го прекина бојкотот на изборите, за разлика од останатите опозициски партии и кандидати.

САД, ЕУ и голем број од земјите во Латинска Америка ги критикуваат изборите на кои се очекува Мадуро да обезбеди уште еден шестгодишен претседателски мандат.

Американската администрација се закани со дополнителни санкции и побара од Латинска Америка да ги исклучи венецуелските функционери од финансиските системи и им ги укине патничките визи.