Претставници на Barracuda FX на средба со Пешевски

Претставници на Barracuda FX на средба со Пешевски
Претставници на Barracuda FX на средба со Пешевски

Претставници на ирската компанија Barracuda FX денес во Владата ќе се сретнат со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Имено, компанијата вчера преку официјално соопштение на нивниот веб сајт ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.

Компанијата е водечки ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, која соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.

Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најави дека ќе ги почне наскоро. Тоа ќе значи можност за вработување, обука и доусовршување на домашниот кадар од информатичките науки.

Според владиниот тим кој учествуваше во преговорите, а кој го сочинуваа вицепремиерот Пешевски и заменик директорот на Инвест Македонија, Климент Шеќеровски, задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија е огромно и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање поволен деловен амбиент во Македонија. Влезот на Barracuda FX го гледаат како поттик и за други ирски компании да дојдат во Македонија.

Унгарските компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Потенцијалите за унапредување на економските односи на компаниите од Република Македонија и Унгарија се големи, особено во делот на туризмот, земјоделството, инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти, како и заеднички настап на трети пазари. Ова се дел од заклучоците од деловната средба меѓу претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска и официјалната делегација на Унгарија предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за Надворешни работи,  Левент Маџар, како и Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија.

На средбата дискутиравме за можностите за подобрување на економските односи на компаниите од двете земји, зголемување на трговската размена и разгледување на можности за поттикнување на заедничка идна соработка на повеќе полиња. Во таа насока предвидено е одржување на голем Бизнис форум во декември 2015 година на кој ќе присуствуваат компании од двете земји. Сметаме дека има потенцијал за унапредување на туризмот, инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти, како и заеднички проекти за научни и иновативни истражувања“, изјави тогаш Арсовска.

Таа додаде дека потенцијалите за соработка меѓу компаниите за заеднички настап на трети пазари во иднина треба да бидат повеќе искористени, како и можностите за организирање на бизнис форуми и Б2Б средби за конкретна соработка. Исто така, на состанокот се даде поддршка на иницијативите на ССК за потпишување меморандум за соработка со водечки Стопански комори во Унгарија, со цел зголемување на соработката.

ССК ја организира оваа средба во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија.

Вкупната трговска размена меѓу двете земји во периодот 2012 – 2015 г. (јануари – мај) се движи меѓу 62 и 102 милиони американски долари и истата има тенденција на пораст.

Најзначајни производи во извозот од Македонија во Унгарија за 2014 година се нафтени масла, делови за седишта, електрични спроводници, пекарски производи, делови за мебел, одредени земјоделски култури. Додека најзначајни производи во увозот од Унгарија во Македонија за 2014 година се електрична енергија, пченица, нафтен кокс, техника и слично.