При креирање стручни струки да се консултира бизнисот

Министерот за образование и наука,  Абдилаќим Адеми, денеска оствари средба со Сојузот на албанските наставници и директорите на средните и основните училишта од околината на Скопје.

На оваа заедничка средба се разговараше за ориентацијата на учениците во насоки-профили за кои што тие имаат повеќе вештини, и беше истакнато дека треба исите да се насочат кон стручните училишта. Во тој поглед треба на учениците да им се дадат повеќе информации за упис, треба да се информираат за предностите на изборот на соодветната насока и можностите кои ги добиваат со завршување на стручно средно училиште.

Министерот за образование, Абдилаќим Адеми на средбата исто така истакна дека училиштата треба да изготват план кој ќе почне да се реализира порано со цел подобро информирање на учениците.

-Секое основно училиште треба да изготви план за ориентирање на учениците и училишните услуги. Педагозите и психолозите треба да работат индивидуално со учениците. За оваа цел потребно е да се вклучат родителите и да се координираат со нив, изјави Адеми. Според него, и директориумите треба да превземат конкретни мерки за унапредување на нивните училишта и насоките во училиштата да ги прилагодат на потребите на приватниот сектор. Министерот Адеми, меѓу другото изјави дека средните училиштата со насоки како: гимназија, економија и медицина треба прецизно да ги почитуваат условите за упис.

Министерството за образование и наука, општините и директориумите, во креирањето на политиките треба да ги вклучат и релевантните фактори или засегнатите страни, додаде министерот Адеми.

-Да се поканат успешни бизнисмени кои имаат завршено стручно средно образование или стручна техничка насока на факултет да оддржат предавања за учениците од средните училишта. Да се консултираат Стопанските комори во дефинирање на насоките на стручните училишта и да се спречи непочитувањето на критериумите од конкурсот за упис во средните училишта, изјави Адеми.

Присутните го прифатија заедничкиот состанок и го ценат овој чекор на министерството, за консултација со училиштата за изготвување на конкурсот за следната академска година и ориентација на учениците во средните стручни училишта.