Пријавил кражба која сам ја извршил

26-годишниот И.З. од Боговиње доби кривична пријава поради основи на сомнение дека сторил „лажно пријавување на кривично дело“.

Тој е осомничен дека на 6 декември минатата година, вечерта околу 22 часот, во семејната куќа на неговиот татко во Боговиње пријавил тешка кражба на златен накит, вреден 15 илјади евра, а која претходно самиот ја извршил.

-Пријавениот се сомничи дека дента помеѓу 19 и 21 часот и 30 минути, откако најблиските заминале на гости кај нивен роднина, без употреба на сила, со клуч ја отворил влезната врата од семејната куќа, потоа се упатил во кујната, противправно го одзел златниот накит и заминал, зашто се соочувал со извесни финансиски проблеми, информираат од СВР Тетово.