Принцот Чарлс сепак ќе седне на престолот

Принцот Вилијам се откажува од кралскиот престол поради својата сопруга Кејт Мидлтон, а оваа одлука и ја пренел на својата баба кралицата Елизабета.

Како што пишува магазинот „Globe“ иако кралицата Елизабета одлучила да го заобиколи својот најстар син, и власта да ја препушти на 32-годишниот внук, и со тоа да го заврши своето 61- годишно владеење, младиот принц сака таа чест да му ја препушти на својот татко, барем на некое време.

Вилијам официјално ја информирал кралицата, дека притисоците на кралскиот живот и создавањето на семејство во исто време станале премногу за неговата бремена сопруга, па донел одлука титулата да ја препушти на принцот Чарлс.

„Globe“ пишува дека ова посебно ги развеселило Камила и принцот Чарлс, кој конечно ќе го добие токму она што мечтел целиот свој живот.