недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Пристаништата во Пиреја и Солун ќе бидат затворени поради штрајк

страјк

Поврзани вести

Пристаништата во Пиреја и Солун денеска и утре повторно ќе бидат затворени поради штрајкот на вработените во нив.

Вработените од двете пристаништа ја обвинуваат грчката Влада дека и покрај дадените ветувања нивните барања не се исполнети.

– По 20 дена штрајкови сите треба да знаат дека нема излез од ситуацијата, освен институционално уредување на работните односи, оценија штрајкувачите.

Тие сметаат дека клучот за решавање на проблемот се наоѓа во рацете на Владата.

Синдикатите бараат од раководителите да преземат законски иницијативи и да го гарантираат останувањето на пристаништните работници на нивните работни места, бидејќи стравуваат дека ќе добијат откази поради најавената приватизација на пристаништата.

Најчитани вести