Во Министерството за финансии денес ќе се одржи петтиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската Унија.
Според агендата, во 15 часот ќе се одржи пристапен дијалог на високо ниво под ко-претседателство на Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија и Јоханес Хан, комесар за проширување и соседска политика на Европската Унија.
Прес-конференција на Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија и Јоханес Хан, комесар за проширување и соседска политика на Европската Унија е закажана за во 18 часот.