Триесетдневен притвор за возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра

Триесетдневен притвор доби триесет и седум годишниот скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ ја усмрти новинарката Сузана Тодровска Павловска во близина на трговскиот центар Зебра.

На местото на несреќата беше извршен увид. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице.

Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот.​