Продавачка застрелала муштерија во прилепско Светомитрани

Утринава во девет часот продавачка во локална продавница, во крушевското село Светомитрани, убила соселанец, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Вработена во Пусо Пром, М.П. родена во 1983-та година, по кратка расправија постојат основи на сомнение дека со пушка пукала кон Н.Д., роден 1973-та година, при што истиот починал на лице место – велат од МВР.

Оттаму велат дека е повикан јавен обвинител. Секторот за внатрешни работи – Битола извршил увид во присуство на обвинителот. По негова наредба телото е однесено на обдукција. Жената е приведена