Продолжува судењето за „Дива населба“ зад затворени врати

судот

Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.

Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.