петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Продолжуваат успешните економски политики

ekonomija

Последни вести

Предизвиците кои ги постави политичката криза изминатиов период не беа пречка економијата да се запостави, а добро поставените економски политики кои изминатиот период придонесоа македонската економија да биде најбрзорастечка во регионот и Европа ќе продолжат во истата насока, пишува Лидер.

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор истакна дека и во овие години на политичка криза, преку многуте  реформи, мерки и активности, се успеа да продолжи намалувањето на невработеноста, која е основен предуслов за да започне растот на стандардот и позначитело зголемување на платите.

Интересот на странските инвеститори за инвестирање во земјава не стивнува и во бурни времиња, а доказ за тоа е најавата на нова странска инвестиција која ќе отвори 200 нови работни места.

„Еконмскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, и покрај политичката криза работи и носи резултати, иако кризата е сериозен фактор на нивно намалување. Пред некој ден, на состанок во партијата на која разменивме мислења и информации, Виктор Мизо ме извести дека крупна западна мултинационална компанија веќе има донесено интернаодлука за отворање на кол- центар во Македонија, која ќе отвори најмалку 200 работни места, а подоцна и повеќе. Тоа ќе значи егзистенција за нови 200 семејства, сигурна плата и можност за градење на сигурна иднина. Тие прават дополнителни истражувања, важни за нивниот почеток на работење, а за дефинитивната одлука и нивен почеток со работа може да се надеваме кон крајот на ова лето. Многу е важно и времето во кое доаѓа инвестицијата, а тоа е период на силна политичка криза, предизвикана од опозицијата“, рече Груевски, нагласувајќи дека завршувањето на оваа криза ќе значи уште подинамично носење на инвеститори, пишува Лидер.

„Македонија вработува“ продолжува, се очекуваат 15 до 20 илјади нови работни места

Мерките за вработување поттикнати од владата и Агенцијата за вработување успеаја да ја спуштат стапката на невработеност на историски најниско ниво. Отворањето на новите работни места е доказ за успешноста на проектот „Македонија вработува“, кој пак со отворени раце го прифатија и компаниите и невработените.

Проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи да се реализира и веќе следната недела владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи реализација на проектот „Македонија вработува 2“,  најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако во услови на тешка политичка криза која се повеќе се одразува и врз економијата, ние не се откажуваме и продолжуваме да работиме за граѓаните. Затоа проектот Македонија вработува ќе продолжи да се реализира и веќе следната недела владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи реализација на проектот Македонија вработува 2, кој исто така ќе е на сила една година“, најави Груевски.

Ќе бидат опфатени 5 категории на невработени лица од кои првата категорија ќе се однесува на невработени млади до 35 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси и персонален данок во рок од 3 години за лицата кои ќе ги вработи.

Втората категорија, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси во рок од 5 години за лицето кое ќе го вработи.

Третата категорија се невработени лица над 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси 5 години односно 60 месеци.

Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, категорија на лица која многу тешко наоѓа работа на пазарот на труд, за нивното вработување работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси до остварување на правото на старосна пензија на вработениот.

Петата категорија, невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители, родител во еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници) при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години, односно 60 месеци.

Со продолжувањето на веќе докажаниот проект се планира да се вработат 15 до 20 илјади лица за само една година.

Преку проектот „Македонија вработува“, кој стартуваше во април 2015-та и траеше до 15-ти април 2016-та година, за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10.138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа.

Груевски потенцираше дека ова ќе биде нов стимул на стопанството, за нови вработувања и сигурна егзистенција на многу семејства.

Најчитани вести