Проектот „Изнајми велосипед“ завршува во петок

Проектот „Изнајми велосипед“ за оваа сезона завршува в петок.

Од ЈП Градски паркинг – Скопје информираат дека за време на зимскиот период скопјани нема да можат да изнајмат велосипед.

Велосипед може да се изнајмува 6 до 7 месеци од годината. Проектот се става во употреба во оној миг кога тоа ќе го дозволат временските услови, на пролет, а завршува на 31 октомври секоја година.

Основан е во заедничка соработка на градот Скопје, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје и Здружението на граѓани Еко Свест, во јули .2010 година. Негова примарна цел е велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје.

Покрај тоа, целта на проектот е велосипедите да се употребуваат за рекреативни и туристички потреби, како и за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје располага со 120 велосипеди кои можат да се изнајмата на четири локации – на јавното паркиралиште Треска, на јавното паркиралиште Градска болница, на јавното паркиралиште Општа градска болница „8 Септември“, и во општина Аеродром на зона D3 позади ТЦ Бисер.