Проектот „Отворени денови на ФЗОМ“, поради големиот интерес на граѓанит, ќе продолжи да се реализира во текот на целиот летен период. Секој четврток во периодот од 10:00 до 15:00 часот, вратите на сите 30 подрачни служби на Фондот во Македонија остануваат отворени за сите граѓани како дел од проектот отворени денови на ФЗОМ.
Сите заинтересирани осигуреници во текот на летото, секој четврток, ќе имаат можност да се информираат за начините на остварување на правата од здравствено осигурување, новините за остварување право на породилно отсуство. Граѓаните од стручните лица на подрачните служби ќе продолжат да добиваат прецизни информации за поедноставената процедурата за пререгистрација на невработените лица, за остварување на правото на БПО, за ортопедските помагала, рефундирање на здравствените услуги и лекови, како и за тоа дали се наплаќаат лекарските потврди за во градинка, училиште.
Граѓаните го изразија своето задоволство од поголемата ефикасност на службите на Фондот, побрзото решавање на предметите за рефундации и на пократките рокови за сервисирање на надоместоците за породилно отсуство и за боледување, како и можноста многу од услугите да се добиваат електронски. Досега околу 50.000 осигуреници покажаа интерес да дојдат во подрачните служби и да поставуваат прашања од надлежност на работењето на Фоондот. Целта е во континуитет да се зголемува нивото на информираност на нашите осигуреници, со што тие ќе можат активно да ги остваруваат сите права од здравственото осгурување.
Со проектот Отворени денови за осигуреници се овозможува нивно директно учествуво во креирањето и реализацијата на здравствените политики, во насока на подобрувањето на состојбите во здравствениот систем.
Исто така, сите осигуреници може да побараат информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 часот или по маил на [email protected].