Промоција на книгата „Погрешен човек“ од Христо Петрески

Промоција на поетската книга „Погрешен човек“ од истакнатиот македонски писател и културен деец, Христо Петрески ќе се одржи утре со почеток во 18 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“.

За книгата ќе говорат Васил Тоциновски, Александар Прокопиев и Виолета Танчева Златева.

Христо Петрески е автор на повеќе поетски, прозни и критичко есеистички дела за кои е добитник на бројни награди меѓу кои и магрдата Ацо Шопов на Друштвото на писателите на Македонија. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.