Промоција на книги за деца од Жаклина Михајлова во „Матица“

Во мултимедијалниот клултурен центар „Матица екслузив“, на 11 мај (среда) 2016 година, во 13 часот ќе бидат промовирани книгите за деца „Златенца“ и „По утрото денот се познава“ од Жаклина Михајлова, во издание на „Матица македонска“.

За најновите книги на поетесеата ќе говори познатиот македонски писател Стојан Тарапуза.

Zaklina Mihajlova - SLIKOVNICA

Жаклина Михајлова е автор поетски книги и на практикуми за изучување на македонскиот јазик, наменети за децата на македонската дијаспора. Живее и твори во Сиднеј, Австралија и спаѓа во редот на истакнатите афирматори на македонската култура и историја.Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Центарот на писателите на Нов Јужен Велс од Австралија.