Пронајден дронот од кој се вееше знамето на Голема Албанија

Дронот од кој се вееше провокативното знаме на Голема Албанија, кое предизвика хаос и прекин на фудбалскиот натпревар на стадионот Партизан е пронајден.

Неофицијално дронот е пронајден во Панчево, а лицето кај кого е пронајдено леталото е уапсено и моментално се наоѓа на сослушување.

За потсетување, „Профимедија“ вчера објави фотографија на која се гледа како еден од навивачите за кој се претпоставува дека е фан на Црвена ѕвезда го влече дронот.