Пронајдено човечко тело во распаѓање во кичевско

Пронајдено е телото на 59-годишен жител на село Долно Строгомиште, кој во март оваа година бил пријавен за исчезнат.

Како што соопшти МВР вчера околу 13 часот во Полициско одделение -Осломеј, А.О (43) од село Падалиште-Кичево пријавил дека во месноста викана „Бериковски камен“ атар на село Бериково-Кичево, пронашол човечко тело во распаѓање.

Увид на лице место извршиле од Основното Јавно Обвинителство и екипа од Полициската станица Кичево, по што по наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Општата болница-Кичево, каде е извршена идентификација и било констатирано дека се работи за Р. Р. (59) од село Долно Строгомиште, кој на 5 март годинава бил пријавен за исчезнат. Телото е оставен во Јавната здравствена установа – Општа болница-Кичево за обдукција.