Проруските сили го напушитија Славјанск, нови губитоци на војската

Во текот на изминатата ноќ на истокот на Украина, продолжија борбите меѓу украинските и проруските сили, јавија украинските и руските новински агенции, известувајќи дека во областа Доњецк загинале седум украински војници. Востаниците го напуштиле Славјанск со конвој воена техника и се упатиле кон Крематорск и Артјомовск.

„Борците на народното востание во Славјанск го напуштија градот минатата ноќ,“ пренесува Итар Тас.

Истата агенција наведува дека контолните пунктови останале со помал број на локални сили.

Во изминатите 24 часа загинале девет украински војници, а ранети се 24.