Протест против мерките за штедење во Лондон

Десетици илјади луѓе овој викенд маршираа низ централен Лондон во знак на протест против мерките за штедење воведени од страна на владината коалиција. Демонстрантите се собрале пред зградата на Парламентот каде што преку звучници им се обратиле поранешната пратеничка, новинари и претставници од културниот и уметничкиот живот во Британија. Се проценува дека приближно 50.000 луѓе марширале од зградата на Би-Би-Си во центарот на Лондон до Вестминстер, пишува „Гардијан“.

121020021604-uk-austerity-story-top

Протестот бил организиран од организацијата „Народно собрание“, а поддржано од организациите „Да ја запреме војната„ и „ЦНД“. Од организацијата најавиле дека ќе организираат втор протестен марш во октомври и штрајк наредниот месец.

1367813652-antiausterity-protest-marches-on-parliament-in-london_2027214

Еден од говорниците од организацијата  „Народно Собрание“, рекол дека исходот бил „изјава според нивото на гнев кое постои во моментот“.

Клер Соломон, говоник од „Народно собрание“ рекол: „Суштествено е за милиони луѓе да ги сопреме мерките на штедење и да ја запреме владината коалиција пред да направи долготрајна штета на животите на луѓето и нашите јавни сервиси“. Сем Фаирбум, националниот секретар на групата, додал: „Резовите убиваат луѓе и уништиваат вредни јавни сервиси кои им сужеле на многу генерации“.

Толпата народ слушнала говори на плоштадот пред парламентот од поддржувачите на „Народното собрание“, вклучувајќи ја поранешната пратеничка Каролин Лукас. Во обраќање кон протестантите, Џонс рекла: „Кој е одговорен за хаосот во кој се наоѓа оваа земја? Дали се тоа полските берачи на овошје или Нигериските медицинси сестри? Или пак се тоа банкарите кои не заглавија во економска катастрофа- или пак неплаќачите на данок? Ова е селективен гнев.“

Полицијата одбила да даде проценка и изјавила дека не примиле информации за апсења, пренесува „Гардијан“.