Прототема: Огромни пари поврзани со името Македонија

Најтиражниот грчки неделен весник пренесува тврдење на грчкиот пратеник Димитрис Каменос кој тврди дека во игра за спроведувањето на договорот за името се огромни финансиски средства.

Според Прототема 30 милијарди евра чини продажбата на името Македонија и Република Македонија.

Пратеникот кој се отцепи од АНЕЛ а кој важи за крајно десно ориентиран тврди дека 30 милијарди евра е наградата на Германија, ЕУ и САД за имплементацијата на договорот и промена на Уставот.

Според Каменос 30те милијарди ќе се перат преку фондови на ЕУ од јануари 2019. Грција за спроведување на договорот треба да добие значително повисока сума пари односно 1 трилион евра.

Оваа информација можете да ја прочитате на следниот линк.