Прв Конгрес на физиотерапевтите на Македонија

Во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ) денеска во Македонската академија на науките и уметностите ќе почне Првиот конгрес на физиотерапевтите на Македонија.

Конгресот треба да придонесе во информирањето  и пренесувањето  на новите светски достигнувања на физикалната терапија и рехабилитација, а воедно да го презентира напредокот на македонските физиотерапевти.

Во текот на четири дена колку ќе трае првиот конгрес на физиотерапевти, ќе бидат презентирани 40-тина предавања со кои ке бидат обработени теми од областа на спортската, педијатриската, кардиоваскуларната, невролошката, и посттрауматската рехабилитација.

Досега учество имаат најавено 130 физиотерапевти од Македонија и од околните балкански држави Бугарија, Турција Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна Херцеговина но и од Италија, Швајцарија и Велика Британија.