ПССЕ бара засилена борба против криумчарите на мигранти

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) смета дека меѓународната соработка и разментата на информации се од клучно значење за ефикасна борба против активностите на организираните криминални групи поврзани со миграцијата, јави МИА.

Усвоена посебна резолуција од ПССЕ за ефикасна борба против трговијата со мигранти

Потребни се нови и глобални одговори, кои треба да ги имаат предвид потенцијалните слабости на овие групи, како перењето на пари, корупцијата на вработените во администрацијата или злоупотребата на интернетот, се наведува во резолуцијата усвоена од ПССЕ.

Во резолуцијата, подготвена според извештајот на Иракли Шиковани од Грузија, ПССЕ потенцира дека е потребно да се изнајдат сите средства за борба против илегалната трговија со мигранти и со разните кривични дела кои се поврзани со неа, кои всушност се „не многу ризични активности со висока рентабилност“.

ПССЕ бара засилена борба против криумчарите на мигранти
ПССЕ бара засилена борба против криумчарите на мигранти

ПССЕ ги повикува земјите-членки на Советот на Европа да ги ратификуваат и да ги спроведуваат различните конвенции на ОН и на Советот на Европа за борба против трансграничниот криминал и перењето парите, додека од Европската Унија се бара целосно спроведување на акцискиот план за борба против организираната трговија со мигранти.

Да се спроведат истраги за трговијата со мигранти

Владите на земјите-членки на Советот на Европа треба на ефикасен начин да спроведат истраги за трговијата со мигранти, да ги запленат добрата на шверцерите и средствата што се користат за шверцот, како и да ги пресретнуваат комуникациите во согласност со гаранциите на Европската конвенција за човекови права, се вели во резолуцијата.

ПССЕ е на мислење дека треба да бидат направат и напори во борбата против илегалната трговија со мигранти, во делот кој се однесува на присилната миграција, која беглаците ги принудува да бараат услуги од организирани мрежи на недозволена миграција.

Собранието уште еднаш побара воведување на програми за преместување на бегалците, како и отворање на патишта на легална миграција која треба да го намали користењето на услугите на организираните криминални групи.