ПСЖ ја “скроти” Барселона, Марибор до голем бод во Гелзенкирхен

Синоќа “Паркот на принцовите” беше стадионот каде се одигра најатрактивниот а воедно и најефикасен натпревар во Лигата на шампионите. Во еден супер интересен и возбудлив дуел, шампионот на Франција, тимот на ПСЖ ја победи фаворизираната Барселона со 3:2.

Резултатот го отвори несудениот фудбалер на Барселона, Давид Луиз со гол во 10. минута, за само 2 минути подоцна Лионел Меси да постигне погодок и да израмни на 1:1. Во 26. минута прецизно стрелаше и Верати за 2:1, што беше и конечен резултат по првото полувреме. Во второто полувреме, предноста на ПСЖ ја зголеми Матуиди со гол во 54. минута, а веќе во следниот напад Нејмар намали на 3:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.

Од останатите поинтересни натпревари може да го издвоиме големото реми на Марибор на гостувањето во Гелзенкирхен кај Шалке, натпревар кој заврши со резултат 1:1, а кој во целост го одигра нашиот Агим Ибраими, како и нерешениот исход на дербито во групата Е помеѓу Манчестер Сити и Рома, кој исто така заврши со конечни 1:1.

ibraimi

Резултати од синоќешните натпревари:

ГРУПА Ф

ПСЖ – Барселона 3-2

АПОЕЛ – Ајакс 1-1

ТАБЕЛА: ПСЖ 4 бода, Барселона 3, Ајакс 2, АПОЕЛ 1 бод.

ГРУПА Х

Шахтјор – Порто 2-2

БАТЕ Борисов – Атлетик Билбао 2-1

ТАБЕЛА: Порто 4 бода, БАТЕ 3, Шахтјор 2, Атлетик Б. 1 бод.

ГРУПА Е

Манчестер сити – Рома 1-1

ЦСКА – Баерн Минхен 0-1

ТАБЕЛА: Баерн 6 бода, Рома 4, Манчестер сити 1, ЦСКА Москва без бодови.