Пукал во мачка, ја погодил соседката

Жител на тетовското село Доброште (65), вчера во дворот од сопствената куќа, пукајќи со ловечка пушка која ја поседувал со дозвола кон мачка која била во близина на ѕидот од соседниот двор, ја погодил соседката, 52-годишната И.Х., во пределот на левата надколеница.

МВР соопшти дека повредената е пренесена во Клиничката болница во Тетово.