Пуштање во употреба на два патни правци во Македонски Брод

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, утре, ќе оствари работна посета на општина Македонски Брод.

Во рамките на посетата на општина Македонски Брод ќе бидат пуштени во употреба патните правци за населените места Требовње во 13 часот и Зркле половина час подоцна.