Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, предизвика контроверзи со неговата остра реакција на Фејсбук, каде што посредно го критикуваше кандидатот за претседател на СДСМ, Јово Деспотовски. Причината за оваа реакција беа изјавите на Деспотовски дека граѓаните не можат да ги видат функционерите на СДСМ, не само во Струмица и Паланка, туку во цела Македонија.
“Другарите кои сакаш да ги водиш, не можеш да ги навредуваш и шиканираш. Бидејќи тие не се твоја сопственост. Тие се твоето богатство и сила!”, напиша Костадинов во својот пост, изразувајќи незадоволство поради изјавите на кандидатот за претседател на СДСМ.
Јово Деспотовски неодамна се огласи на социјалните медиуми со отворена критика упатена директно кон крилото на Заев кое го поддржува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче како свој фаворит за нов лидер на СДСМ.
Со последното анкетно истражување на ИПИС, кое покажува дека рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, е шест пати поголем од актуелниот претседател на СДСМ, партијата се соочува со предизвици пред историски лоши изборни резултати, кои можат да доведат до распад на најмалку три фракции.
Според аналитичарите, партиите тешко се опоравуваат по такви порази, што ги става под поголем притисок за внатрешни промени и реформи.