Разбојници украле таблети од аптека во Битола

Битолчаните Р.Џ. (21), А.А. (22) и Ќ.С. (20) добија кривична пријава бидејќи сториле разбојништво во аптека.

На 15 – ти овој месец првопријавениот влегол во аптека Корона Фарм и од вработената побарал да му даде таблети. Откако истата го одбила тој по некое време се вратил со второ и третопријавените при што Р.Џ. влегол зад пултот во аптеката и одзел една кутија таблети.