Разбојништво во Тедико во Карпош 4

Разбојник маскиран со качулка од дуксер и се заканил на вработена во Тедико и одземал 5.000 денари.

Ограбен маркетот Тедико, маскиран разбојник со нож и се заканил на вработената, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.  Според информациите од полицијата, разбојникот влегол во маркетот на улица Разловечко востание во скопската населба Карпош 4.

Маскиран со качулка од дуксер тој со нож и се заканил на вработената и украл 5.000 денари, по што избегал. Полицијата работи на откривање на сторителот.