Раздрмана атмосферата во Металург, ракометарите неколку месеци без плата!

Лигата на шампионите започна, Металург го доживеа првиот пораз на првиот меч во новата сезона, но атмосферата во тимот од Автокоманда не е на завидно ниво.

Имено, како што објави весникот „Македонски Спорт“ одредени ракометари на Металург повеќе од два месеци немаат земено плата. Овој весник објави дека денеска треба да се одржи состанок на кој треба да бидат дадени некои одговори кои понатаму ќе бидат патоказ по кој ќе тргне клубот.

Дел од играчите ќе побараат објаснување за својот статус во клубот, а ќе биде отворена најжешката тема – неисполнети обврски на клубот кон ракометарите. Доцнат плати и премии и сите се во исчекување. Веќе се пробиени роковите и нешто мора да се преземе за работите да се вратат во колосек.