вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Реакција од кабинетот на Иванов: Македонија не доби финансиски средства од ЕУ за справување со бегалската криза

Помошта на ЕУ за буџетот на Република Македонија изнесува 0 евра, реагираат од кабинетот на Иванов

ivanov

Последни вести

Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испраќаат соопштение во однос на реакциите на германската влада по изјавите на претседателот Иванов дадени во интервјуто за весникот „Билд“.

Реакцијата ја пренесуваме во целост

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, цврсто останува на своите ставови изнесени во интервјуто за германскиот весник „Билд“, дека  државните институции на Република Македонија немаат добиено никакви финансиски средства од Европската унија за справување со бегалската криза, односно помошта на ЕУ за буџетот на Република Македонија изнесува 0 евра.

Ја повикуваме германската влада да прецизира и јасно и точно да наведе, на кого, кога  и за која цел, биле дадени споменатите средства од 52 милиони евра.

Со цел да не се манипулира јавноста и доведува во заблуда, информираме дека споменатите средства од 664 милиони евра за периодот од 2014 до 2020 година, се дел од ИПА фондовите и се наменети за спроведување на европските реформи, а не за справување со бегалската криза и дополнителните трошоци на институциите во кризна состојба. Посетуваме, дека сите држави кои се инволвирани во бегалската и мигрантската криза и се справуваат со неа, добија посебна финансиска помош од ЕУ.

Во однос на тврдењата дека Република Македонија разменува податоци од безбедносен аспект, ја информираме јавноста дека Република Македонија беше одбиена да добие пристап до дата базите на ЕУ, до  дата базите на Шенген, и ЕУРОДАК, под образложение дека е трета држава и има правни бирократски пречки и ограничувања.

Најчитани вести