Реисот на ИВЗ и скопскиот муфтија се степале на паркинг

Пресметка меѓу реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи и скопскиот муфтија Ибрахим Шабани се случила на паркингот кај Македонска опера и балет, јавува Дневник.

Како што пишува весникот, тепачката следела по свеченоста која вчера ИВЗ ја организирала по повод коранските празнувања. Поглаварот на ИВЗ ги нарекол претставниците на скопското муфтиство криминалци, а по свеченоста се делеле боксови на паркингот.

Присутните ги раздвоиле, а реисот сакал да се пресмета и со генералниот секретар Африм Тахири но и тоа присутните го спречиле. Во Скопското муфтиство за Дневник го потврдиле инцидентот и повеќе детали најавија за денеска.