Рестораните на „Мек Доналдс“ стануваат народни кујни во Доњецк

Рестораните за брза храна „МекДоналдс“ во Доњецк, кој е под окупација на проруските бунтовници, ќе бидат претворени во народни кујни за најсиромашните.

Како што соопштуваат локалните медиуми на истокот од Украина, оваа одлука е објавена од страна на самопрогласениот претседател на Доњецк, Борис Литвинов.

Во Доњецк, пред конфликтите, работеле три ресторани за брза храна и тоа еден на плоштадот Ленин во центарот на градот, еден кај трговските центри во центарот, како и еден на јужната автобуска станица.

На самиот почеток од немирите во Доењцк, рестораните на „МекДоналдс“ се затворени од безбедносни причини.