РК Вардар на услуга на корисниците во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол

Партнерството на Т-Мобиле и РК Вардар продолжи во салонот на Т-Мобиле, каде зад пултовите, услугите на Т-Мобиле ги нудеа Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќод РК Вардар.

Уште едно изненадување за корисниците на Т-Мобиле се организираше денеска во салонот на Т-Мобиле во Капитол Молкаде зад пултовите услужуваа Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќод Ракометниот клуб Вардар.

Ова несекојдневно случување се одвиваше во рамките на партнерството за кампањата за новата PlayComfortпостпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи и 20 часаMobileMaxTVза само 799 денари месечно. За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи со оваа понуда за само еден денар да се купи новиот SonyXperiaE1 онлајн прекуt-mobile.mk, кој по потпишување на договорот бесплатно се доставува дома.

За оваа и за која било друга понуда, корисниците можеа да се информираат кај нашите врвни ракометари и да ја добијат поддршката што ја очекуваат.

„Ракометарите на Вардар со радост ја прифатија оваа идеја да бидат зад пултовите во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол, бидејќи препознаа одлична можност за дружење со бројните навивачи што се наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме единствени моменти и несекојдневни доживувања вредни за споделување“, изјави Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски телеком

„Поддршката која ја добиваме од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија многу значи за нас, а истовремено претставува и силен мотив да се трудимево секој поглед. Уживавме во исполнувањето на барањата на корисниците на Т-Мобиле, бидејќи како и во секоја дружба со фановите и навивачите, тие уживаа со нас, но далеку повеќе уживавмение со нив“, изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.

t1