Робен: Германија е најблиску до светскиот трон

Репрезентативецот на Холандија, Ариен Робен е убеден дека националниот тим на Германија е најблиску до светската титула.

„Ние играме одлично, но не смееме да дозволиме да летнеме во облаци. Мораме да останеме цврсто на земја и да ги слушаме советите на селекторот Ван Гал ако сакаме да направиме успех, иако да бидам искрен не верувам дека можеме да стигнеме до самиот врв. Ако гледаме според прикажаното, мој фаворит е Германија бидејќи игра навистина одличен фудбал, а скоро сите играчи на Германците се наоѓаат во врвна форма. Сепак, и ние сме добри, доколку се сретнеме со нив сигурно нема да им биде лесно“, изјави фудбалерот на Баерн (М).