Рома реши уште една проблематична позиција во тимот

Диње ќе ја засили левата страна во Рома

По пристигнувањето на Един Џеко и Мохамед Салах, раководството на римскиот клуб успеа да го договори и трансферот на Лукас Диње од ПСЖ.

Со овој потег „римската волчица“ реши уште една проблематична позиција во тимот, бидејќи Ешли Кол беше единствениот лев бек во тимот, а англискиот фудбалер е во поодминати години па не може да го издржи темпото на играње среда-сабота.

Според италијанските медиуми, Диње во понеделник ќе пристигне во Рим каде ќе се појави на лекарски прегледи, по што ќе биде официјализирана соработката.

За услугите на овој фудбалер, Рома ќе плати 1,5 милиони евра, со што ќе го добие на едногодишна позајмица, со опција по крајот на сезоната да го откупи за 16,5 милиони евра.

За тренерот на Рома, Руди Гарсија повторно ќе соработува со Диње, бидејќи заедно соработуваа во Лил во периодот од 2011 до 2013 година.