Роналдињо повторно ќе пали и жари во Европа

Предводникот на бразилскиот прволигаш Атлетико Минеиро, Левир Кулпи, ја потврди сензационалната информација дека клупските челници ја прекинале соработката со најголемата ѕвезда во првиот тим, Роналдињо.

Иако за време на зимскиот преоден рок доби неколку прималиви понуди, најзаинтересирани беа раководните лица на турскиот гигант Бешикташ, Роналдињо потпиша нов договор и изјави дека сака да го носи дресот на Атлетико Минеиро уште неколку сезони.
“Повеќе не можам да сметам на неговите услуги. Заврши нашиот заеднички циклус. На сите ни е жал, Роналдињо беше идол на сите нас. Сите уживаа во неговата фудбалска игра, во неговата техника. Дињо е харизматична личност, но на ваков начин заврши нашата соработка. Тој си замина, а ние мора да продолжиме без неговите услуги”, изјави Кулпи.
Поранешниот репрезентативец на Бразил веќе има добиено неколку примамливи понуди од САД и Турција, а тамошните медиуми се убедени дека во текот на утрешниот ден, Роналдињо ќе го открие името на новиот клуб.