Русија: Хашкиот трибунал продолжува со митот дека само Србите се одговорни за вони злосторства

Рускоти министерство за надворешни работи по повод пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ вели дека Хашкиот трибунал продлжува да создава мит за српскиот народ како единствен одговорен за воени злосторства во поранешна Југославија.

Во соопштение на ова министерство се наведува дека, не се оствариле очекувањата на Русија, трибуналот да биде институт на правдата, пренесува Тас. Според нив, треба да се има предвид дека оваа „ад хок или провизорна институција, функционира повеќе од 20 години и дека потрошило милијарди евра за својата работа“.

Руското МНР оценува дека подобро тие пари да биле вложени ви мировни процеси во земјите на поранешна Југославија.