Русија ќе и даде моќно оружје на Сирија

Русија ќе испорача против-воздушни системи С-300, а ќе ја врши и обуката на сириските војници во рамките на предизвиците во моментот во таа земја, пренесуваат медиумите.

Уште сега е возможно создавање на високорфикасен систем на против-воздушна заштита во Сирија која што ќе биде во состојба да ја обезбеди војската и цивилните објекти- изјави претседателот на одбранбениот комитет на Советот на федерацијата на Русија, Виктор Бондарев.

Бондарев истакна дека испораката на системот С-300 во Сирија „ќе ги отрезни жешките глави на генералите на НАТО.

Според него, неодамнешниот напад на САД, Франција и Велика Британија на Сирија е агресија против една суверена земја и тој порача дека сириската армија не располага со хемиско оружје.

Нападот на западните земји на Сирија го потврди тоа – доколку имаше хемиско оружје во нападнатите објекти, тогаш ќе следуваа неверојатни експлозии, а отровните супстанци ќе се проширеа на целата територија на земјата. Значи САД уште еднаш ја излажаа меѓународната јавност објасни Бондарев.

САД, Франција и Велика Британија минатата сабота наутро изведоа ракетни напади на сириските владини објекти кои што според нив се употребуваат за производство на хемиско оружје. За време на воените операции тие лансираа над 100 ракети кои што ги срамнија со земја споменатите објекти.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, исто така ја нарече воената операција за агресија на една суверена земја, потсетувајќи дека не е докажано дека воопшто имало хемиски напад на цивилното население во Дума.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.