Русија протера американски новинар

Американскиот новинар Дејвид Сатер потврди дека е протеран од Русија и верува дека причина за тоа е наклонетоста кон Киев од каде што известувал за проевропските собири против власта на украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговите политики и тесна поврзаност со Москва.

Сатер инаку е долгогодишен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, известуваше од Русија од 2003 година за Радио Слободна Европа, беше дописник на Вол стрит журнал и Фајненшал тајмс и автор е на три книги за Русија и СССР.

Ова протерување од Русија е прво протерување на еден странски новинар по завршување на Студената војна.

Проблемот се случи кога Сатер посакал во Русија да се врати од Украина, каде што известувал за демонстрациите. Американската амбасада во Москва, врачила протестна нота поради оваа одлука на руските власти.

Сатер изјави дека од страна на безбедносната служба му било кажано дека неговото присуство во Русија е непожелно.

„Работите ми се во Москва, каде што имам стан. Но без дозвола за влез во земјата не можам да одам по нив. Би сакал да се вратам во Москва да работам, но не можам тоа да го направам без виза,“ додаде новинарот.

Протестите во Украина траат од 21 ноември минатата година поради одбивање на властите да потпишат договор со ЕУ за придружување и поради нивната соработка со Москва