Русија: Сакајќи да фотографира селфи се застрелала во глава

Млада Русинка во моментов се наоѓа во критична состојба откако со пиштол во рака сакајќи да фотографира селфи случајно го повлекла орозот и си пукала во глава.

Девојката (21) имала деветмилиметарски пиштол што го земала од членот на обезбедувањето во фирмата каде што работела, затоа што сакала да се фотографира со оружјето, јавува Бета, пренесува РТС.

Членот на обезбедувањето го оставил пиштолот во компанијата пред да замине на годишен одмор и засега не се знае како девојката го пронашла оружјето.