Русија со докази дека коалицијата на САД ја поддржува ИД (ВИДЕО)

C

Операцијата за ослободување на источниот град Абу Камал од страна на силите на сириската влада покажала дека меѓународната коалиција предводена од САД директно ја поддржува ултрарадикалната сунтиска групација Исламска држава (ИД) и оти Вашингтон имитирајќи борба против тероризмот, всушност обезбедува покритие за единиците на џихадидситите, за промовирање на своите интереси на Блискиот исток, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Руското министерство соопшти дека американските сили одбиле да изведат воздушни напади на врз терористите на Иламската држава кои се повлекувале од сирискиот град Абу Камал. И претходно и Москва и Дамаск објавија материјали според кои силите кои ги поддржуваат САД и нивните партнери ги насочуваат џихадистите кон териториите кои се под контрола на силите на владата. Таков беше случајот со градот Рака, кога арапско-курдската коалиција која и од воздух и на копно ја водат САД, постигна договор со Исламската држава и ги пренесе во поркаината Деир-ез-Зор каде во тек беше офанзивата на силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Операцијата за ослободување на источниот град Абу Камал покажала дека американската коалиција директно ја поддржува терористичката група Исламистиакта групариј,

„Овие факти се неоспорен доказ дека САД, кои пред светската јавност имитираат борба против меѓународниот тероризам, всушност ги покриваат борбените единици на ДАЕШ, за да се обнови нивната борбена способност, за тие да се прегрупираат и да ги промовираат американските интереси на Блискиот исток’, стои во соопштението.

Министерството за одбрана во вторникот објавило фотографии на кои се гледа неколку километарска колона на терористи кои заминуваат од Абу Камал кон Види ел Саба, на сириско-ирачката граница, пренесува Sputnik.

Според податоците на министерството, операцијата која ја извеле сириските владини сили кон крајот на минатата седмица за ослободување на Абу Камал, ги открила фактите за директното влијание и поддршка на САД за терористите на ИСИС.

“На фотографиите кои на 9. ноември 2017. година ги снимиле руските беспилотни летала, било забележано како вооружени формации на ИСИС, спасувајќи се од нападите на руската авијација и владините трупи, го напуштаат Абу Камал”, се наведува во соопштението.