Русите не успејаа да ги анализираат податоците од соборениот Сухој-24

Руските истражни органи досега не успејаа да ги анализираат податоците од црната кутија на рускиот воен авион Сухој-24, кој беше соборен минатиот месец  од турските сили на граничниот простор со Сирија, соопшти руската војска.

Заменик шефот на Руската воена служба за безбедност на авионите, Сергеј Баинетов истакна дека со испитување на податоците е откриено дека 13 од 16 микрочипови се целосно уништени, додека останатите три се оштетени.

Меѓутоа, според него, еден микрочип од црната кутија на авионот е „можеби во доволно добра состојба“ за да се преземат податоците од него.