Саботерот Среќко Поповски дел од аферата „Телеком“?!

Саботерот Среќко Поповски дел од аферата „Телеком“ ?!
Саботерот Среќко Поповски дел од аферата „Телеком“ ?!

Саботерот Среќко Поповски, човекот кој сега се претставува како новинар и кој преку монтажите кои ги прави во неговата “Неделна саботажа” полна со навреди, клевети и омаловажување на најнизок можен начин жигосува владини политичари,  е дел од аферата „Телеком“, како владин советник на тогашниот премиер Владо Бучковски, пишува „Журнал.нет

По разобличувањето на аферата „Телеком“, документите од Судот во САД потврдуваат дека корумпираноста на Владата на Владо Бучковски и Радмила Шекеринска македонските граѓани ги чинела најмалку 38,4 милиони евра.

Токму во екот на оваа афера, новинарот  кој сега секоја недела монтирајќи на најгруб и непрофесионален начин невистинити видео материјали против владејачката партија “саботира“ владини политичари, бил владин советник на политичари кои земале до 12 милиони евра во мито за да спречат влез на други сериозни странски компании во телекомуникацискиот пазар кои би донеле пониски цени и поквалитетни услуги од монополската компанија.

Токму Среќко Поповски, во 2006 година беше раководител на одделение во владиниот Генерален секретаријат, со што не се исклучува можноста и тој како дел од Владата на тогашниот премиер Владо Бучковски која е вмешана во оваа милионска афера, добро да се офајдил.

Исто така, се поставува и прашањето дали можеби самиот Поповски кој сега сака да создаде слика на независен новинар пред македонската јавност, како советник во Владата, давал “совети“ поврзани со оваа милионска афера која директно удри врз џебот на македонските граѓани, а ги наполни џебовите на тогашните властодршци.

Поради вештачки наметнатиот монопол, Македонија со години заостануваше зад соседните држави, со години со сила беше спречувана да се развие, само за да се зачува монополската позиција на Маѓар Телеком и Дојче Телеком во Македонија, и за да се наполнат џебовите на политичарите од Владата на Бучковски и Шекеринска, каде Поповски беше советник.

NOVINARINEZAVISNII

Поповски освен што службено ги бодри политиките на СДСМ, има докажано и дека приватно е симпатизер на СДСМ. Неговата “независност“ падна во вода откако на митингот на СДСМ во мај пред Владата се фотографираше со цела ергела соросови платеници. Името на Поповски се поврзуваше и со низата опозициски новинари кои земале средствa и од проектот Фабрика 2, кои се обезбедени од фондацијата Отворено општество, во сопственост на СОРОС, за да пишуваат нарачани текстви.

Имајќи го во предвид сето ова, станува јасно однесувањето и залагањето на квазиновинарот, за монтажите кои ги прави во неговата “Неделна саботажа“ полна со навреди, клевети, омаловажување и изнесување на лични и семејни прилики.

За Среќко Поповски се врзува и приказната од новинарските кулоари, дека кога трабал својата сопруга да ја вработи во Канал 5 (која и денеска работи таму), клечел на колена и молел со солзи во очите да му излезат во пресрет, иако на митингот на 17-ти Мај гордо се слика пред знамето на ЛГБТ, пишуваше неодамна порталот Инфомакс.

srecko_popovskI_lgbt

Покрај тоа што Поповски беше дел од советничкиот тим во Владата на РМ за време на последниот мандат на СДСМ, јавноста го памети и како советник за односи со јавност на поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов, човекот чии бизниси  во времето кога беше градоначалник на Скопје, од тогашната опозиција беа окарактеризирани како матни и сомнителни, пишува порталот.