САД изврши воздушен напад во Сомалија

Американската армија изврши вчера воздушен напад во Сомалија, чија цел беше висок функционер на екстремистичката групација Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, изјавија претставници на Пентагон.

– Нападот е извршен во регионот на Сааков, изјави портпаролот на Пентагон, Марк Рајт.

Според оценките на Пентагон во нападот нема повредени или загинати цивили или случајни минувачи.

Тој додаде дека Пентагон прави проценка на нападот и оти ќе достави дополнителни информации за натамошните детали.

Ал Шабаб сака да ја собори од власт Владата во Могадишу, која е поддржана од Западот и да ја воведе својата строја верзија на исламот во Сомалија.